Левица поднесе иницијатива за инспекциски надзор за Рамковниот балансер

левица бело

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Левица поднесе иницијатива за вонреден инспекциски надзор против Министерството за информатичко општество и администрација, кое со новото штелување на балансерот, директно ги прекрши Законот за вработени во јавниот сектор и Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор.

Министерот за информатичко општество и администрација, адмирим Алити од Алтернатива, спротивно на Законот за вработените во јавниот сектор, како основ за пресметка на работни места по “етничка” припадност, во веб-алатката балансер го додаде и нерезидентното население.

305264122 650505873099147 6039294930047422061 n

Законот за вработените во јавниот сектор изречно кажува дека како основ за распределба на бројот на новопланирани вработувања по припадност на заедница, се земаат податоците од последниот попис за територијата на Република Македонија.

Односно, не се земаат податоците од пописот надвор од територијата на државата и во тој број не смее да влегува дијаспората.

Со ваквото флагрантно кршење на законот, Министерот Алити вештачки го зголемува бројот на припадници на албанското малцинство, со цел повеќе работни места во институции кои дејноста ја вршат на централно и локално ниво да припаднат на партиските членови на Алтернатива.

Со цел етно-трибалистички партиски вработувања, во вкупниот број на попишани ги додаваат и лицата за кои од пописните резултати не може да се утврди припадност на етничка заедница.

Дополнително, не е јасно на кој начин министерот од Алтернатива дефинирал како попишаните од дијаспората, со странска адреса на живеење, во која општина во Македонија ќе се бројат.

Ова претставува продолжение на политиките на етно-инжинеринг, кои кулминираа со спроведување неевропски попис, спротивен на стандардите на Еуростат, во кој се попиша и дијаспората.

Нефункционалноста и поделбите по етничка линија на македонското општество се експлицитно видливи две децении после носењето на Рамковниот одговор, од кој единствено бенефит имаат функционерите од тн албански политички блок – додека обичните граѓани, без разлика на нивната етничка припадност, масовно се иселуваат од државава.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

06.09.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ