Основното училиште „Ванчо Китанов“ во Пехчево останува без професор по германски јазик

ЛО Пехчево

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Основното училиште „Ванчо Китанов“ во Пехчево се соочува со сериозен недостаток на наставнички кадар по германски јазик. Имено, според директорката на училиштето на почетокот на оваа учебна година училиштето нема да биде во можност да организира настава по германски јазик бидејќи професорот кој што предавал до минатата година поднел оставка и заминал на ново работно место во Берово. Нејзините обиди да пронајде нов професор преку Катедрата за германски јазик бил неуспешен.

После деталното истражување, заклучок е дека проблем е фактот што професорот би имал намален фонд на часови односно 10 часа од потребните 24, што би значело дека професорот би земал помалку од половина професорка плата која што и онака не е доволна за достоен живот.

306529988 160949423253833 7310154302036546693 n

Од страна на МОН како надлежно министерство било одговорено дека единствено решение е децата на крај да го полагаат овој предмет комисиски доколку не се успее да се обезбеди потребниот наставен кадар. Според познавачите на проблемот, ова не е никакво решение бидејќи децата нема да ја имаат потребната настава како би можеле да го совладаат годишниот материјал по германски јазик.

Го повикуваме надлежното министерство сериозно да размисли за последиците од необезбедувањето на наставен кадар за потребите на училиштето и како истото би влијаело врз децата.

Јасно е дека децата на олигарсите и продадените политичари веќе се образоваат во скапи приватни училишта, но каде ќе се школуваат децата на работничката класа?

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ПЕХЧЕВО

16.09.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ