Левица учествуваше на меѓународната антиимперијалистичка конференција

0
60

Изминатиот викенд во Белград се одржа Меѓународната антиимперијалистичка конференција во организација на Светската антиимперијалистичка платформа на која беше и делегатот на Левица – координаторот на Секторот за надворешна политика, м-р Александар Симонов.

На конференцијата активно учество земаа околу 40 левичарски организации и партии од различни страни на светот. Претставниците од Куба, Венецуела, Кореја, земјите од поранешните советски и југословенски држави, како и дел на земјите членки на ЕУ и Обединетото Кралство, дискутираа за актуелните геополитички случувања.

Ставовите и видувањата на партиите по однос на конфликтот во Украина и тензиите на Косово беа едни од централните теми на дискусијата, а по завршувањето на конференцијата беше одржан и протест во кој беше искажана солидарност со потиснатите народи од страна на империјалистичките организации, како НАТО пактот.

Левица одржа повеќе билатерални и мултилатерални состаноци со сродните левичарски партии на кои се разговараше за можностите за идна соработка. Една од идеите на која ќе се работи во иднина е организирање на слична ваква регионална платформа во која ќе бидат вклучени левичарските организации и партии од сите балкански држави.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
22.12.2022

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде