*(Реплика на нашиот член на Президиум, Јован Крајевски кон пратеникот Панчо Минов, кој одби да одговори дали Владата ќе го поддржи анти-лихварскиот закон на Левица)
„Зошто наместо да го полните буџетот со задолжување, не ги оданочите банките?
Стопанка Банка, Комерцијална Банка и НЛБ прават 100 милиони профит за девет месеци. Очигледно е дека го прават тој профит на наша мака.
Левица поднесе и предлог-Закон за намалување на банкарските провизии и надоместоци, кој го нарековме анти-лихварски закон. Дали СДС ќе го поддржи тој закон?”
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
14 ноември, 2022