(Видео) Крмов кон Џафери: Законите на Левица намерно и противделовнички се чуваат во фиока

Борислав Крмов Џафери

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Поентата ми е дека не дозволивте за неговиот предлог да се гласа, затоа што рековте дека не се исполнети условите, имено дека не е доставен до пратениците. 

Јас тука се повикувам на Член 137, кој вика: Предлог закон се поднесува до Претседателот на Собранието, веднаш, а најдоцна во рок од три работни дена од денот на поднесувањето, го доставува до пратениците во писмена или електронска форма, со што започнува законодавната постапка.” 

Значи нашиот закон е поднесен на 27 април, а сега сме веќе 8 јуни, па моето прашање е: Aко Деловникот ве обврзува веднаш или во рок од три работни дена да го доставите до пратениците, зошто месец и пол и повеќе не е законот доставен?

Претседателе, вашето објаснување беше дека сте имале други обврски, еве јас ве прашувам кои се тие ваши други обврски, да не можите месец и пол да го доставите нашиот закон до пратениците? Имено, вашите обврски не ве ослободуваат од обврската, и да речам многу побитната обврска да го почитувате Деловникот. 

Значи тука се поставува прашањето: Дали одредени закони кои што на вас и на владејачкото мнозинство не ви се допаѓаат, еве како и на пример нашата Декларација против бугарските национал-шовинистички претензии, ги држите во фиока. Таа Декларација од октомври ја држите во фиока, а овој закон го држите месец и пол.

Значи никакви обрски и еве пак би ве замолил да ми кажете кои се тие обврски кои што месец и пол ве спречуваат да ги доставите материјалите до пратениците? Никакви обврски ваши не може да бидат пред главната обврска да го почитувате Деловникот.

 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ