(Видео) Ристовски: Муцунски ги извиси спортските клубови во општина Аеродром

ЛО-АЕРОДРОМ

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

На последната 38-ма седница на Советот на Општина Аеродром беше донесен Извештај за реализирани активности од областа на спортот за 2023 година. Во самиот извештај можеше да се забележи дека изостанува помошта за спортските клубови кои гравитираат на територијата на општина Аеродром, за која имаше оглас од страна на истата каде што аплицираа голем број на клубови.

Градоначалникот Тимчо Муцунски, иако предизборно ветуваше помош на спортските клубови која им е потребна за нивната егзистенција, ги остави да се снаоѓаат како знаат и умеат.

Советникот Дејан Ристовски имаше обраќање по основ на овој извештај и на спортистите од општина Аеродром им порача да внимаваат за кого ќе гласаат на следниот избори.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ