Левица против зголемување на цените на градинките

Бранко Ристов

Советникот од редовите на Левица и Претседател на Советот на Општина Карпош, Бранко Ристов, ја претстави одлуката со која Левица НЕ го поддржа предлогот за зголемување на цените на градинките во Општина Карпош:

“Ја разбирам аргументацијата за предлог одлуките – секако се е поскапено, ајде ќе ги поскапиме и градинките, но вистинската причина за точките е систематското тероризарање од страна на владата на ДУИ, поддржана од СДС врз општините кои ги изгуби на изборите, што всушност се скоро сите.

Нам како партија, една од суштествените програмски заложби ни е да биде бесплатно образованието од градинка до докторат и од таа причина нема да ги поддржиме овие точки.“

Власта се обидува предложената корекција на цената на градинките во општината да ја оправда со покачените цени на речиси сите продукти и услуги, но таа корекција би изнесувала повеќе од 10% од минималната плата и тоа за некои луѓе не е баш така “минимална“ корекција!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – КАРПОШ

2О.05.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ