Поминавме исцрпувачки ден, седница која траеше 14 часа, обвинувања и лаги но на крај маските паднаа.
Пред седницата двата советници беа повикани од пазарџиите да ги сослушаат нивните барања со што тие веднаш имаа средба со нив, на седницата советниците до последен момент водеа битка да се донеси заклучокот кој го обврзува ЈП Пазари да ги создаде условите потребни за пазарџиите.
После 14 часа дискусија, преговори, паузи успеавме да го изгласаме заклучокот со условите:
–Регулирање на сообраќајот пред влезот и излезот на пазарот за дотур на роба
–Прераспоред на тезгите согласно проектот
–Ставање во функција на тоалетите
–Склучување на договори со ЈП Пазари за закуп на тезги
–Рок за реализација на заклучокот 15 дена(Одлуката влегува во сила после исполнување на условите)
Левица-Битола вчера застана на страна на граѓаните на Општина Битола, Општина Битола, пазарџиите кои својата егзистенција ја имаат од продажбата на своите производи. Откако точките од заклучокот ќе се реализираат Битола ќе добие:
–Чист паркинг во реонскиот горен пазар
-Подобри услови за пазарџиите
–Подобри услови за граѓаните кои пазарат во тој пазар
Побаравме информации од Централен Регистар на Република Македонија и Министерство за Правда на Република Македонија во врска со отварањето на бугарскиот клуб “Ванчо Михајлов„.
Советникот Гаврил Трајковски со предлог како во иднина да се вложува во ФК Пелистер. Клучни точки од предлогот:
–Клубот да се развива од младинските школи па се до првиот тим
–Во првиот тим да играат млади перспективни дечки од Битола и регионот
–Обуки за сите инволвирани во тренажниот процес на играчите(тренерите, физиотерапевтите, стручниот штаб, итн..)
–Фокусот да биди градење на цврст тим со здрави темели, играњето во прва лига самото по себе ќе си дојди кога имате клвалитетни младинци
–Да не трошиме пари на странски играчи на кои ФК Пелистер не им значи ништо
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-Битола
30 април, 2022