(Видео) Среброва: Здружението на дијабетичари доби поддршка од Општина Центар – „Независните“ не ги поддржаа

levica centar_левица центар

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

На дваесет и деветата седница на советот на Општина Центар, здружението на дијабетичари побара подршка на општинско ниво за законските измени за да добијат од државата најнови медицински помагала – систем за континуирано мерење на гликемии и инсулински пумпи.

Според точка 149 од деловникот на Општина Центар, советот на општината, има право до собранието да даде ваков тип на препорака и подршка, со цел изгласување на одреден закон.

Овој предлог закон, во Собранието на Република Македонија беше поднесен од страна на пратениците на Левица – Димитар Апасиев и Борислав Крмов, каде бестрашно се бореа и дадоа надчовечки напори овој закон да дојде до собраниската сала.

Советот на Општина Центар ја изгласа оваа препорака, со надеж дека поднесениот закон на Левица во Собранието ќе вроди со плод и пациентите со дијабетис ќе го добијат она што им следува.

Но, за жал, мораме да забележиме, дека од сите присутни во салата, само ,,независните” советници Јана Белчева и Јане Димески од советничката група ,,Шанса за Центар”, не дадоа подршка за барањето на дијабетичарите!

Левица во Советот на Општина Центар, како и во Собранието на Република Македонија ќе продолжи да се бори за правата на секој еден жител на нашата република.

Погледнете го во продолжение видеото од обраќањето на кординаторката на советничката група на Левица – Марија Среброва и гласањето по предлог точката.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ