(Видео) ИНТЕРВЈУ НА АПАСИЕВ ЗА ТВ24: Со дванаесет пратеници ДУИ дава премиер – техничката влада е глупост

Димитар Апасиев

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

  • Претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев во ,,Аргумент плус”.

„Со дванаесет пратеници ДУИ да ти дава премиер – ние сме единствена земја во универзумот која има еден парламент, а две влади. Техничката влада е глупост. Имате заменик-министер и дополнителен заменик-министер со право на вето – кој ли го измисли ова.“

Курсот кон ЕУ го задржуваме, но не по секоја цена, тоа не ве обврзува како мудар полчитичар да донесете бенефит за вашиот народ од сите големи сили, рече Димитар Апасиев, лидерот на Левица, во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ24.

Пратеникот рече дека ВМРО-ДПМНЕ по парламентарните избори ќе гласа за уставните измени, а негова проценка е тоа дека ќе биде направено во првите 100 дена.

– Широката коалиција СДСМ – ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ си функционира зад затворени врати, а може да се каже дека не се ни кријат. Буржујските партии се исти концептуално, рече Апасиев.

Претседателот на „Левица“ ќе се соочи на пратеничката листа во првата изборна единица, на која ќе учествуваат и лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ – Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски.

– Мицко и Таче прв пат излегуваат на избори, јас сум староседелец во „ќец“. На анкетите не им веруваме, но имаме внатрепартиски е-рефередум, го мапираме и идниот претседателски кандидат. За анкети не фрламе пари и не се повикуваме на нив.

Левица сега е насочена кон неопределените и разочараните од СДСМ. Парламентарни избори не се бојкотираат, нема цензус, друго е претседателски и таму може да падне кандидат во втор круг. Повик до неопределените и тие „од не ме замара политика“ ако не излезат, да знаат дека ќе ќе ги трпат Таче, Али и Мицко, наведе Апасиев.

Апасиев очекува двоцифрен број на пратеници и над 100.000 гласови.

– Да ја детронизираме СДСМ, тие ќе паднат под 30 пратеници, а откако ќе ја превземеме „левата сцена“ на изборите, потоа ќе се бориме со ВМРО-ДПМНЕ. Следниот мандат очекувајте „бугаризација“ и албански екстремизам, ако гласате за ВМРО-ДПМНЕ, додаде тој.

Целото интервју може да го проследите во продолжение:

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ