(Видео) ИНТЕРВЈУ НА МОЈСОСКА ЗА ИНФОМАКС: Народот се охрабри, го препозна ентузијазмот за борба во Левица

мојсоска инфомакс

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

„Народот веќе се охрабри јавно да нѐ поддржува, јасно ни е дека ќе бидеме саботирани од двете партии – им нудат на наши членови ситни вработувања, таков очаен менталитет кој не можат тие две партии да го надминат. Ние сме непоткупливи.

Има една широка владејачка коалиција во општините меѓу СДСМ и ДПМНЕ, побрзо тие ќе се договорат меѓу нив, отколку да се договорат со нас.

Ќе се појавиме на сите избори. Веќе работиме активно и на терен, во однос на предизборна програма, се спремаме. Особено после протестите кои ние во континуитет ги организиравме и за Францускиот предлог, ние организиравме протести и во Битола и во Охрид, народот се охрабри да доаѓа кон нас. Народот го виде нашиот ентузијазам и дека ние ги блокираме сите штетни процеси во државата.

Ние всушност видовме дека ДПМНЕ на локално ниво по ништо не се разликуваат од СДСМ, наш советник се суди со заменик-градоначалникот на Битола оти сме објавиле дека во кафана имаат трошено не знам колку пари.“

  • Интервјуто на генералниот секретар на Левица, Јована МОЈСОСКА за Инфомакс во емисијата „Тешки муабети“ од 05.10.2023, погледнете го на нашиот Јутјуб канал:

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ