Советникот од редовите на Левица, Ангеле Михајловски, повторно беше дел од протестот организиран против екплоатацијата на песок од речното корито на река Брегалница.
По протестот кој се одржа во јули, овој повторен граѓански револт укажува дека трпението на жителите на Стар Караорман е доведено до крајност. Имено, пред нивните очи, огромни количини речен песок завршува на локација за нив непозната, а сето тоа во име на БИЗНИСОТ.
Тие повторно прашуваат:
> Кој побарал да се врши регулација на овој потег од речното корито каде што во ниеден момент не е доведено земјоделското земјиште во опасност?
> Зошто извадениот речен песок не се користи за напластување и регулација на речното корито, туку веднаш од корпата на багерот завршува во камионот за транспорт?
> Зошто спротивно од Законот за водите и Законот за животна средина, се уништуваат флората и фауната по течението на реката?
> Зошто нивото на реката е паднато за четири метри пониско, ако обврска на фирмата е да го одржи и зачува нивото на водотекот на реката?
Додека сите други политички партии и локални функционери остануваат неми пред овој проблем, како Локален огранок на Левица продолжуваме да им даваме поддршка на обесправените граѓани!
Овие народни протести ќе продолжат и во наредниот период, сè додека на овој крајбрежен хорор не му се стави крај, а Левица секогаш ќе биде во првите редови на отпорот.
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ШТИП
26.10.2023