(Видео) Апасиев: Проблемот со државјанствата е институционален, а не легислативен

Screen Shot 2021-07-02 at 16.00.59

Изјава на пратеникот Димитар Апасиев, по прекинатата седница на Комисијата за одбрана и безбедност во врска со Предлог-законот за државјанства, на која требаше да продолжи со својот говор од минатата седница, која исто така беше прекината.

Апасиев: „Овој Предлог-закон е тотално непотребен, бидејќи до сега во два наврати се испаѓало во пресрет на оние лица кои по пат на сукцесија од СФРЈ не стекнале државајнство. И патем речено, да биде иронијата поголема, ова го користат Алијанса и Алтернатива за да набиваат националистички и шовинистички агенди без тотална потреба.

Проблемот е што има неколку илјади граѓани, кои навистина немаат државјанство и тој проблем е институционален, а не е легислативен, тоа значи – не се решава со промена на закон.

Во меѓувреме, има еден закон, кој го поднесе пратеничката Љатифе Шиковска, и кој го решава проблемот и на овие луѓе, а тоа е Законот за неевидентирани лица во матична евиденција. Тој закон сега се пролонгираше, така што по тој закон овие луѓе ќе можат да стекнат државјанства.

Оттука, ова е тотално непотребен закон, тоа е само политички маркетинг на Алијанса и Алтернатива и нема никаков допир со реалноста, бидејќи веќе постојат законски механизми по кои што овие луѓе може да стекнат државјанство.“

 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ