Претставници на Левица се сретнаа со Пепе Ескобар на Младинскиот форум во Сочи

Пепе Ескобар - Левица

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

„БРИКС: Заедница на еднаквите” – беше насловена дискусијата на Светскиот младински фестивал, каде претставници од Левица остварија средба со бразилскиот новинар и теоретичар на современите геополитички односи, Пепе Ескобар.

Ескобар е роден во Бразил, и главно работи како странски дописник за новинската агенција “Азија тајмс”, со седиште во Хонг Конг. Како странски дописник, Ескобар опширно ги опфаќа Пакистан, Авганистан, Централна Азија, Кина, Иран, Ирак и поширокиот дел од Блиски Исток. Исто така тој е автор на неколку книги од областа на геополитиката, а работи и уште како аналитичар на современите случувања во меѓународни односи за „Реал њуз“ со седиште во Торонто и Вашингтон.

430164502 978266930323038 2314819833897418254 n

На дискусијата се разговараше за улогата на БРИКС во градењето на новиот мултиполарен свет, современите предизвици во меѓународната политика, како и за развојот на организацијата која зазема се поголемо внимание во светската јавност.

Пепе Ескобар, меѓу другото истакна дека проектот БРИКС во иднина ќе станува се порелевантен и поатрактиврн, затоа што во оваа организација, односите помеѓу државите не се одредени од военото присуство и милитаристичката сила на државите, туку од принципот на еднакво вреднување на интересите на секоја една држава-членка на оваа организација. Освен ова, Ескобар ја истакна исклучителната важност на институционализацијата на БРИКС како важна подлога за идните предизвици на организацијата, особено процесот на, како што рече Ескобар, де-доларизацијата на меѓународната економија.

430039476 978266853656379 1726712026168422992 n

Настанот беше уникатна можност да се претстават околностите во кои се дави македонската надворешна политика и следствено, директно да се адресираат прашањата и дилемите за иднината до претставници на БРИКС.

429683541 978266840323047 8757301422865837191 n

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ