Раководителот на Црвена Младина, Марио Јанески деновиве е единствениот учесник од Европа на младинскиот форум во склоп на „Деветтиот Нишан форум за светските цивилизации“, во кој учествуваат претставници на организации од ширум светот.
Форумот се одржува во Народна Република Кина во градот Куфу, родното место на древниот кинески филозоф Конфучиј. Овој форум претставува платформа за реномирани научници и експерти на полето на културни студии од сите краеви на светот со цел да создадат подобро разбирање за различните култури како и како да се подобрат дијалозите помеѓу различните култури и цивилизации.
Црвена Младина учествуваше во склоп на младинскиот форум кој одржа дискусија на тема „Светската младина работи заедно за промовирање на заедничките вредности на човештвото“, каде што се истакна авангардната улога што младите луѓе ширум светот ја имаат во градењето на еден праведен мултиполарен свет. На овој форум меѓудругото учествуваа млади студенти од Н.Р Кина, Куба, Египет, Русија, Иран, Пакистан и Индонезија.
Покрај младинскиот дел на Нишан форумот се одржаа голем број на дискусии и предавања за сите области од политичкиот, културниот и општествениот живот. Свои обраќања имаа и високи истакнати политичари на држави од Глобалниот Југ но и од Н.Р Кина.
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЦРВЕНА МЛАДИНА
27.09.2023