Истокот е црвен, отворена канцеларија на Левица во Пробиштип

433660384_415536414399168_625476000849452722_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Во присуство на голем број граѓани, членови и поддржувачи на Левица, свечено беше отворена канцеларијата на ЛО Левица – Пробиштип.

433691420 415536351065841 4817329762057737290 n

На чинот присуствуваа: Претседателот на Левица, проф. Димитар Апасиев, пратеникот Крмов, членот на Президиум – Александар Симонов, како и кандидатот за претседател од Левица, проф. Билјана Ванковска.

„Пробиштип е преубав град и грев е да биде оставен во раце на структури на сдс и дпмне. Гледаме што се случува: секојдневно на плодните ниви никнуваат фотоволтаици. Околината на Пробиштип е претворена во стаклена градина, која очигледно им носи профит само на еден грст луѓе, додека народот е оставен во тешка сиромаштија. Левица е последната шанса и единствена надеж за тоа да го промениме“, кажа пратеникот Крмов.

„Она што само пред година и пол ни изгледаше како нереално, сега веќе е остварено. Левица има претседателски кандидат и со самото тоа, ние им ги помативме сметките и раатот, кој големите партии го имаа досега. Нашиот кандидат, проф. Ванковска, ќе се бори за да победи на претстојните избори, а двоцифрениот број на пратеници што Левица ќе го освои, дефинитивно, ќе бидат клучен фактор за формирање на следната Влада“, рече Претседателот Апасиев.

„Имаме одлични изборни програми. Постои една природна поврзаност и хармонија помеѓу она што јас го размислувам за иднината на Македонија со ставовите на Левица. Изборите се само првиот чекор од еден долг пат, но ако го рашириме црвениот бран низ цела Македонија, верувам во посветла иднина за сите нас, кои живееме на ова мало парче земја“, истакна Ванковска.

Левица е на правиот пат и со секој изминат ден, станува сè посилна.

433622647 415536457732497 7518464746964496976 n

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ