Левица положи цвеќе во чест на загинатите во Диво Насеље – нашата иницијатива за споменик ќе биде спроведена

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Делегацијата на Левица – ЛО Куманово положи свежо цвеќе во чест на загинатите осум бранители кои ги изгубија животите во кумановското Диво Насеље, при терористички напад што се случи во мај 2015 година.

Осумте припадници на полициските сили беа заборавени осум години од државата! Иницијатива за подигање на спомен обележје беше поднесена од страна на советникот на Левица во Совет на Општина Куманово, на 9-ти мај годинава, на осумгодишнината од загинувањето на бранителите.

Потсетуваме, советниците на СДСМ во Совет на Општина Куманово не ја поддржаа иницијативата да се издигне споменик во чест на загинатите припадници на полициски сили!

368320112 607947971526119 3336277109201349338 n

И покрај ваквата констелација на нештата, несомнено е дека притисокот од Левица влијаеше на однародената власт во еден миг да се одважи и укаже на важноста на делото на бранителите!

Левица го поздравува поставувањето на спомен одбележјето во дворот на полициската станица и најавуваме дека нема да се откажеме од иницијативата за поставување на споменик посветен на бранителите од страна на Општината, каде што беше усвоена нашата иницијатива.

Слава им на бранителите!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – КУМАНОВО

23.08.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ