Пленум: Левица е незапирлива сила и единствена опозиција на олигархијата

407838556_926389822177416_7308898143419586726_n

Во борбена, другарска и наелектризирана атмосфера помина свечениот дел од Вториот редовен Пленум на Левица. На свечениот дел му претходеше работен дел на кој му беше доверен уште еден мандат на Димитар Апасиев за претседател на партијата, додека за Генерален секретар беше назначена Јована Мојсоска.

393205040 926390068844058 2023973365806873884 n

Претседателот Апасиев во својот говор зборуваше за Новата борбена Левица – низ рекапитулација, а потоа и преку теоретско насочување на идеолошките и политички принципи повеќекратно ја продлабочи идејната матрица на Левица, правејќи ја посилна во своите дела за класно и национално ослободување, како и отпорна на нападите од политиките непријатели: ,,Ние не сме Партија која ги претставува сите, ние сме партија која ја претставува работничката класа и непривилегираните! Оттука, наше е да го повикаме духот на антиестаблишментот да излезе од шишето и да заигра во дворот на богаташите и транзициските профитери. Дојдено е времето за наплата – да ги пребориме зулумите, да ги израмниме есапите!”

407845919 926389565510775 2829729744260971634 n

На Пленумот со говор зема учество и една од најистакнатите левичари на денешницата, европратеничката од Република Ирска, Клер Дејли, загрме во салата и рече: ,,За влез во ЕУ, се бара од вас ‘компромис’, да се откажете од вашата историја, вашиот идентитет, дури и името на вашата земја! Побогу, колку ниско може да одат!

407831093 926403875509344 2829452593865079030 n

На присутните им се обрати и пратеникот во Собранието на Република Македонија Борислав Крмов, кој ја лоцираше нашата задача и порача: ,,Да ја донесеме правдата на прагот на куќата на секој обичен човек. Да има леб и пристојна работа за сите, да има повторно безгрижно детство за нашите деца, тоа е товарот на оваа генерација!”

393187601 926405338842531 217957563430579110 n

Портпаролот на партијата Амар Мециновиќ го прогласи антифашистичкиот фронт на Левица и народните маси кој ќе се пресмета на следните избори со т.н. ,,европски фронт” и широката коалиција: ,,Нашите класни и политички непријатели се вооружени со сиот информативен, безбедносен и финансиски капацитет на располагање. На нишан го држат цутот на слободата, но нивното оружје не може да ја победи вистината, нуту пак да спречи да се повтори историјата! Затоа, ние ќе победиме!”

407842929 926413915508340 5898190663293667798 n

Европратеникот Мик Волас, пријател на Левица и бестрашен борец против империјализмот го коментираше потполно потчинетиот однос на нашите политичари, издвојувајќи го министерот за надворешни работи Бујар Османи, за нивната сервилност и лудост во задоволување на империјалните амбиции на елитите од Запад: ,,Вашите политичари се спремни да ги праќаат вашите војници во Африка за да ги бранат интересите на бизнис елитите? Што мајка бараат македонските војници во Африка? Тоа не се ваши битки.”

407838952 926400958842969 5621001688262252914 n

Марко Шовиќ од Новата Комунистичка Партија на Југославија, повторно како и на минатот Пленум, се обрати и ги забележа монументалниот раст на партијата во изминатите четири години, и инспириран порача: ,,Левица на Балканот е светла точка која треба сите да ја следиме. Ние треба да се вратиме во Србија со сета инспирација која ја добивме денес и со заклучоците од вашето искуство да градиме Левица и во Србија.”

407448475 926387912177607 1067042881001323805 n

Во свечениот дел, делегатите, гостите и членовите на Левица ја проследија и културно-уметничката програма која во духот на македоската национална и социјалистичка традиција, како и принципите на интернационализмот, вдахна во вечерта благородна димензија и го издигна духот на партијата – со хорска изведба на химната на Република Македонија, Интернационалата и партиската химна ,,Во борба македонски народе”, преку поетско рецитирање на ,,Тешкото”, ,,Очи” и ,,Копачи”, бравурозните фолкорни настапи, изведбите на македонски партизански песни како ,,Абре Македонче” и патриотски како ,,Кога падна на Пирина”, се до балетска точки на песните ,,Аванти пополо” и ,,Бела чао”.

407837742 926400372176361 9120345671668658181 n

На странските гости, како и на Амбасадорите на Народна Република Кина и Руската Федерација, претседателот на Левица проф. д-р Димитар Апасиев им врача статуетки како симбол на пријателство и благодарност за присуство на Пленумот.

407834593 926390545510677 99266221446650075 n
АФЖ – Левица

Левица одлучно и бестрашно чекори кон освојување на власта во Република Македонија, првично преку целосно уништување на СДС во левиот политички спектар, потоа и преку победа над останатите партии на буржоазијата – до конечно ослободување!

Смрт на фашизмот – слобода на народот!

Да живее Левица!

Да живее Република Македонија!

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ