Протест за правда на жртвите од онкологија

протести онкологија

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Народот синоќа излезе масовно, во толпа од илјадници пред Владата на Република Македонија да го искаже својот гнев против оваа ненародна власт која ги штити криминалците и убијците на овој народ.

Потресни сведоштва споделија граѓаните од своите горки искуства на Онкологија и бараа правда за нивните најблиски. Со паролите: „Убијци за профит“, „Онкологија = Геноцид“, „Ова ви е последната доза“, „Обвинителство соучесници“ беа истакнати пред Владата, како и пред зградата на Основното јавно обвинителство, каде се протестираше и се скандираше „Убијци!“.

Левица ја даде својата безрезервна поддршка заедно со народот, со кого стоевме рамо до рамо и нема да престанеме да бараме правда за жртвите додека виновниците не бидат извадени пред лицето на правдата и не бидат сразмерно санкционирани.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

05.09.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ