(Видео)Ванковска за Гласот на Америка: Помина времето во кое САД доминираа над сите!

Screenshot 2024-04-17 215548

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Предноста ќе ја кажат граѓаните на денот на гласањето. Во претседателската кампања, моја задача е да ги убедам дека јас сум најдобриот избор.

За тој аспект, можам да кажам дека она што противкандидатите го сметаат за мој голем минус, а тоа е немањето активно политичко учество, односно носител на функција не сум била во сиот мој живот (доаѓам од академија), мислам дека им паѓа во вода со самиот факт дека веќе неколку претседатели дојдоа без никакво искуство.

На пример, господинот Иванов дојде од професорската аула и влезе во претседателската вила. Да не го зборувам, на пример, Обама, во Соединетите Американски Држави – исто така, професор, кој стана претседател. Значи, тоа (нивното) не е никаков аргумент.

Другата работа е дека јас, иако сум поддржана од политичка партија во процесот на собирање потписи и во оваа кампања, сепак, доаѓам од една партија која не претендира да биде носител на власта, односно реално силите ù се такви да таа може да биде некаков фактор во политичкиот контекст во Собранието, во Владата. Не знам како ќе се заврши.

Меѓутоа, лично јас добивам слободна позиција како евентуално избран претседател, да бидам во кохабитација, претежно, со Владата и Собранието, секако, во делот на надлежностите, со суспензивно вето. Меѓутоа, ќе ја имам, апсолутно, целосната слобода. Значи, јас не сум актер на голема партија, која ќе ме држи под контрола во врска со некои нивни коалициски договори и слично. Апсолутно, слободен човек и, се разбира, доаѓам со едно беспрекорно портфолио на професор без никакви дамки во својата кариера.

Граѓаните ме познаваат како некој што бил и активист, меѓутоа и активен коментатор на сè што се случувало во оваа држава во изминатите триесет години.

Зборувам здраворазумски, не: професорски. Се трудам да не бидам професор, да не држам лекции, туку да допрам до најобичниот граѓанин и оној без образование на кој ќе му стане јасно за што зборувам и за што се залагам.

Во однос на тоа дека Македонија треба да излезе од НАТО, апсолутно, сум категорична, затоа што е тоа мој став.

Ако се сеќавате уште од времето кога се зборуваше дали треба да го промениме името, јас тогаш бев единствена од академската и интелектуалната фела, која зборуваше дури и со уставно име.

Јас сум за тоа – Македонија да не влезе во НАТО. Сметајќи на тоа дека сме сиромашна земја, дека сме постконфликтно општество, кое сè уште си ги залечува раните од сопствените збиднувања и дома, меѓутоа и во регионот и дека нам ни треба една мирољубива политика: повеќе инвестиции дома во внатрешните состојби. Како би го извела тоа? Многу едноставно. Според членот 13 на Договорот на Северноатлантската алијанса, сè што е потребно, е да се упати еден допис до ,,Стејт департментот”. Значи, не до Брисел и до седиштето на НАТО, туку до ,,Стејт департментот”, во кој се известуваат Соединетите Држави дека Македонија би излегла. Се разбира, таа одлука претходно ќе мора да ја одобри Собранието со 61 глас, што е исто многу важно: не е двотретинско мнозинство; тоа е членот 121 од Уставот на Македонија.

Начинот на кој Брисел ги води преговорите на штета на Македонија, постојано наоѓајќи креативни решенија за некои други држави, кои се далеку зад нас и по развојот (иако сме ние доволно лоши во тој демократски развој, правниот систем, да не набројувам…), тие се таму креативни, меѓутоа кон нас се однесуваат како кон најлошиот ученик или, можеби, како кон најслабиот – оној кој можете да го притиснете. Ако продолжат така, ние, навистина, би требало крајно да се понижиме себеси, за да дозволиме да нè третираат на тој начин. И мислам, еве, нека биде тоа некоја моја интуиција: можеби, дипломатски чекор или мудар чекор е да покажете гард и да кажете дека не сте веќе подготвени да чекорите на тој начин и под тие услови, за да и тие малку себе се преиспитаат, затоа што ние сме значајни геополитички, не како мала држава! Да сакаа, ќе нè примеа пред дваесет години, не им менуваме ништо во математиката.

Меѓутоа, со нашето поданичко однесување (а се однесуваме како колонија, како вазална територија!), им даваме порака: со нив можеме сè да постигнеме и нема потреба да се трудиме околу нив! Така, јас би очекувала некого да пратат да пие кафе или да прави нешто друго, под услов, нели, да не ги подотворат портите за поглавјата… Инаку, ние не сме ги почнале преговорите.

За односите кон САД, јас сум за да се однесуваме со мирољубива коегзистенција со сите држави во светот, онака како што бара Повелбата на Обединетите нации.

Значи, на база на заемно уважување, еднаквост, немешање во внатрешните работи: значи и тие во нашите да не се мешаат, како што ние и не можеме во нивните, се разбира. Меѓутоа, да имаме односи на заемна почит. Би сакала повеќе да соработуваме врз базата на економските интереси, а не само: доминација политичка, геополитичка, насочување во таа насока… туку нам ни треба развој! Ако Соединетите Држави не се расположени и се, всушност, во моментов позафатени со своите избори и со милитаризација, односно билдање на оној воено-индустриски комплекс, тогаш има држави други, кои имаат кредити, имаат можности да понудат нешто што нам ќе ни даде шанса за развој. 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ