​​​​​​​(Видео) Мустафаоглу: Левица во одбрана на Ѓорче и Скопје – Не за урбанистичката авантура на ДПМНЕ и СДС

Дарја Мустафаоглу

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

  • Прес-конференција на Дарја Мустафаоглу, советничка од Левица во Советот на Ѓорче Петров за ДУПот градска четврт СЗ 16 кој се наоѓа на границата помеѓу општина Ѓорче Петров и Општина Карпош:

„Ве известуваме за чекорите коишто ги презема и ќе продолжи да ги презема Левица, во однос на овој катаклизмички, урбанистички, односно бетонирани токсичен план, кој е исклучуво во интерес на политичките елити од ДПМНЕ и СДС, како и во интерес на апетитите на инвеститорите.

Токму за ова место во саботата градоначалникот Стојкоски, советниците од ДПМНЕ и коалицијата, а помогнати од министерствата со кои раководи СДСМ, шверцерски протнаа ДУП, кој предвидува над триесет нови згради на овој потег, од кои повеќето се висококатници.

Токму на плацот позади нас, ДПМНЕ на Имер Селмани му се одобри подигнување на дваесет и седумнаесет катници. Од ова место само од изградбата на предвидените станбени единици ќе се оствари профит од фантастични 240 милиони евра. Но, во предвидените над триесет станбени згради, односно 7, 9, 12, 14, 17 и 20 катници, на Општина Ѓорче Петров ќе и донесат 10 000 нови жители и 2675 возила. Иако се планирани нова градинка и ново училиште, тие ќе бидат недоволни да им понудат услуга, како на моменталната бројка на дечиња кои чекаат во општина Ѓорче Петров, така и на децата на семејствата кои ќе бидат вселени во новите бетонски чудовишта.

Дополнително, градинката и училиштето, согласно новодонесениот ДУП, би биле во близина на хемиски фабрики во кои, според нашите информации, би се произведувала козметика, средства за хигиена, средства за чистење, солна киселина, варикина и антибиотици. Овие фабрики се предвидени врз главниот цевковод и постои опасност од хаварија, односно опасност цело Скопје да остане без вода.

Левица подготви претставка до Државниот инспекторат за локална самоуправа, со која се бара да се запре примената на одлуката на овој ДУП поради повреда на законитоста и постапката за придонесувањето на истата. Од овој наш став нема да не оттргнат никакви закани и притисоци. Биле тоа од политичките елити и профитери, биле тоа од засегнатите инвеститори.”

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ