СДС и ДПМНЕ ја изгласаа сопругата на адвокатот на Заев за нов член на антикорупциска комисија

левица бело

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Со 97 гласа „ЗА“ пратениците на широката коалиција составена од СДС, ДПМНЕ и ДУИ, минатата недела заеднички го изгласаа новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата.

За нов член на Антикорупциската комисија е избрана судијката СОФИЈА Спасова Медарска, сопруга на партискиот адвокат на Зоран Заев – ФИЛИП МЕДАРСКИ кој го застапуваше во случајот „Поткуп“. Токму ДПМНЕ во минатото обвинуваше дека фамилијата Медарски го има узурпирано правосудниот систем, каде обвинителка во вишо ЈО е мајката на Филип Медарски – ЕЛИЦА МЕДАРСКА.

412794063 939164297566635 2047193564261143359 n

По којзнае кој пат се потврдува работата на оваа „Широка коалиција“ во Собранието, особено кога станува збор за партизација на институциите. Довербата во работата на судството е минорни 2%, додека овие три партии правосудните институции ги имаат претворено во фамилијарни династии.

За ваквиот скандалозен избор на новиот состав на ДКСК реагираа и од Платформата на граѓански организации. Тие обвинија дека процесот на селекција бил пристрасен и партизиран, што доведува до загриженост за непристрасноста на новоизбраните членови.

Левица со нетрпение очекува да ги види “резултатите” од борбата против корупцијата, која треба да ги спроведе сопругата на адвокатот на аболицираниот поранешен премиер.

26.12.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ