Додека народот осиромашува, банките се искачуваат на „ЅЕЕ“ топ 100 листата

левица бело

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Погубните економски политики на социјал-демократите продолжуваат да го продлабочуваат ЈАЗОТ помеѓу богатите и сиромашните. Додека народот се соочува со нови трошоци и поскапувања, приходите на банките ескалираат и тие се искачуваат на меѓународните листи на најголеми компании.

На ранг листата на SEE TOP 100 во Југоисточна Европа се најдоа Комерцијална Банка АД на 46-то место, Стопанска Банка АД Скопје на 51-во место, НЛБ Банка на 54-то место, Халк банка АД на 67-мо место и Шпаркасе Банка на 69-то место. Компанијата ,,Џонсон Мети” се искачи на 30-то место со вкупен приход од 2 447,3 милиони евра, а за прв пат на листата се најде и ОКТА АД со вкупен приход од 976,3 милиони евра.

Потсетуваме дека владејачкото мнозинство претходно го ОДБИ АНТИПРОВИЗОРСКИОТ ЗАКОН кој го поднесоа пратениците на Левица, чија цел беше намалување на екстрапрофитите на банките кои ги остваруваат преку т.н. некаматни приходи, а неосновано ги наплаќаат од граѓаните и од фирмите. Во услови на економска неизвесност, енергетска криза и сè уште високи стапки на инфлација, кои ги разјадуваат личните примања и ја ограничуваат побарувачката, најголемите компании во Македонија покажуваат извонредна издржливост.

395277764 906975460785519 6702344143646581634 n

Левица, од позиција на власт, законски ќе го ограничи делувањето на банките (кои профитираат од сиромаштијата на народот) и ПРОГРЕСИВНО ќе ги оданочи супер-профитите на најголемите компании. Економијата може да биде стабилна за граѓаните, но само ако не се дозволи приватниот капитал незауздано да ги експлоатира трудот и сиромаштијата на работниците.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

26.10.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ