По иницијатива на Левица, ќе се отвори советувалиште за жртвите на семејно насилство во Општина Ѓорче Петров

AFZ бело афж

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

По иницијатива на советниците од Левица во Ѓорче Петров, Дарја МУСТАФАОГЛУ и Влатко ПЕТРУШЕВСКИ, се издвоија средства од Буџетот на општината за 2024 година за отворање на Советувалиште за жртви на семејно насилство.

Оваа одлука доаѓа по активно критикување на Програмата за еднаквост на жените и мажите од страна на советниците од Левица во оваа општина, како и инсистирање на почитување на прописите, односно предвидување и реализирање на конкретни мерки кои би ја унапредиле еднаквоста, со главен фокус на жртвите на семејно насилство.

Screenshot 2023 12 30 134958

Иницијативата ја предложивме во духот на Истанбулската конвенција, ратификувана од Република Македонија во 2018 година, а која наметнува обврски и мерки за превенција и заштита на жртвите на родово – базирано и семејно насилство.

Единиците на локалната самоуправа се должни во буџетот да обезбедат средства за финансиска поддршка на жртви на родово-базирано насилство и семејно насилство, како и воспоставување на центри за згрижување на жртви, советувалишта за жртви, советувалишта за сторители и други услуги за превенција од родово-базирано насилство и заштита на жените жртви на семејното насилство согласно со Законот за социјалната заштита, обезбедување финансиски средства за функционирање на услуги за превенција и заштита на жените жртви на родово-базирано насилство и жртвите на семејното насилство на локално ниво.

Процесот на помош и поддршка би се остварил преку одржување на редовни средби на индивидуално ниво или група и по нивно претходно закажување.

30.12.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ