Протест против насилието на министерот Јетон Шаќири во населба Чашка

левица бело

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Безаконското самоволие на министерот Шаќири ескалираше со гневни протести на населението од населба Чашка. Гневот на родителите се излеа врз ВД директорката Елена НИКОЛОВА, назначена од страна на министерот Јетон Шаќири откако ѝ ги одзеде на општина Чашка ингеренциите врз училиштето.

caska

Директорката Елена Николова оттогаш директорува без училишен одбор, игнорирајќи дека по закон училишниот одбор е орган на управување со училиштето.
За тоа време, таа презема повеќе дејства кои се спротивни на Законот за основно образование.

Во ООУ „Тодор Јанев“, во населба Чашка, општина Чашка формирана е паралелка во прво одделение ,без да се изврши упис на учениците во склад со член 60 од Законот за основно образование. При тоа, не е почитувана ниту реонизацијата (чл.63 од Закон за основно образование). Родителите на запишаните ученици НЕМААТ адреса на живеење во населба Чашка.

Screenshot 2023 12 15 100620
Родителите протестираат уште од ноември месец

Паралелката се формира со само шест ученика и тоа на албански наставен јазик што е во спротивност со Статутот на училиштето! Во село Горно Јаболчиште, општина Чашка работи ООУ „Лирија“ и во истото наставата се одвива САМО на албански наставен јазик.

И покрај евидентните и груби повреди на Законот за основно образование, полицијата место да го штити законот, ја заштити ВД директорката Елена Николова, која со полициска придружба седи на работното место, од каде што по порачка на министерот Јетон Шаќири продолжува да го крши законот!

Левица дава целосна поддршка на родителите во нивната праведна борба против кршењето на законите, што го спроведува најнеспособниот министер за образование. Дополнително, го повикуваме Државниот инспекторат да ги констатира направените повреди и да покрене соодветни постапки пред надлежните органи.

14.12.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ