Со незавршена експропријација за автопатот Кичево – Охрид власта го најавува Коридорот 8

347541895_1266509320909947_5677339450882500037_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Додека криминалната влада на СДС и ДУИ на шверцерски начин носи штетни закони за Коридорот 8, после речиси десет години на изградба на автопатот Кичево – Охрид, ЈП за државни патишта (со кое директорува Ејуп Рустеми од ДУИ) сѐ уште ја нема решено експропријацијата на приватни имоти!

Во изградбата на овој автопат постојано се јавуваат низа проблеми, како на пример, косините кои се проектирани по трет пат се уриваат и бараат дополнителни трошоци, репроектирање и изведба. Дислокациите на електромрежата и на мобилните оператори кои имаат кабли (оптички и телефонски) десетици пати се оштетени или целосно уништени при работата на терен.

Дополнително, паралелниот пристапен пат (или Сервисен пат) кој треба да служи за селата на Дебарца за земјоделската механизација не е отпочнат со работа, а не е ни одобрен, по се, изгледа заради недостаток на финансиски средства. Ако се дозволи парите да се одлеваат на странски работници и фирми, ако не се води сметка за плаќање на даноци и на пензиско осигурување, ако се користат увозни материјали, ако се плаќаат пенали, ако не се запазат роковите и исполнување на обврските и условите кон изведувачите, банкротот е неизбежен.

Многу фирми и села ќе останат без патен приклучок поради ужасна грешка која настанала откако со проектот се поклопува постоечкиот пат Кичево – Охрид со автопатот, во делот од село Ботун до Охрид, со што се отвара потреба за дополнителни трошоци т.е. сервисен пат. Дополнителни, проектите за санација на срушени косини и други објекти доцнат.

Доколку кинескиот изведувач, чиј договор истекува во декември 2023 година, ја напушти изведбата, а условите од македонската страна не се исполнети, ќе се нанесе огромна штета на Македонија и македонскиот буџет. Уште повеќе, можен е и финансиски колапс на државата доколку работата стигне до меѓународните судови. Иако министерот Бочварски најави дека до крајот на оваа година ќе биде финализиран овој проект, реалноста на терен поради неспособноста на власта е сосема друга.

Наместо да прават скапи церемонии за замајување на јавноста со Коридорот 8, министерот Бочварски треба да одговори пред јавноста дали неодговорноста на властите со изградбата на автопатот Кичево-Охрид може да предизвика финансиски колапс на државата.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

16.05.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ