Ден по поднесувањето на барање за ревизија на материјално-финансиското работење на ЈПКД „Росоман“ од локалниот огранок на Левица во Росоман и членот на УО на ЈП Зоран Соколов, дознаваме дека Директорот, Желимир Трикиќ си поднел оставка.
Левица-Росоман пред извесно време постави прашање до ЈП за комунални дејности во Општина Росоман за тоа кога е направена последната ревизија на материјално-финансиското работење, на што добивме скандалозно сознание дека Државниот Завод за Ревизија последен пат го проверил работењето на ЈПКД „Росоман“ во 2009 година.
Остана само да побараме ние да се испита работата на јавното претпријатие, па во текот на вчерашниот ден испративме барање до ДЗР за вонредна ревизија на работата на ЈПКД во Росоман со индиции од граѓаните за нерегуларности во работата на јавното претпријатие, недомаќинско трошење на парите, несоодветни постапки за јавни набавки и тн.
Во текот на денешниот ден, директорот на претпријатието си поднел оставка, со што е очигледно дека бега од кривична одговорност!
За извесна вмешаност на Градоначалникот Стојан Николов во сите нерегуларности во ЈПКД Росоман, очекуваме итна ревизија од стрна на ДЗР по поднесеното барање од нас!
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – РОСОМАН
06.10.2023