Во Топ 10 пратеници со најмногу наплатени трошоци и Соња Михаиловска, за 5 месеци добила 3.298 евра!

соња михаиловкса патни трошоци сдсм левица

Пратеничката на СДСМ од Делчево, Соња Михаиловска, се најде на листата во ТОП 10 пратеници со најмногу исплатени парични средства на име патни трошоци. Да бидеме попрецизни, се работи за сума од 3.238 евра за само 5 месеци и тоа само за неколку седници, бидејќи Собранието „мака мачи” да одржи седница поради честите проблеми со кворумот за работа.

Кога и каде пратеничката Соња Михаиловска „потроши” 3.238 евра, или 199.137,00 денари народни пари , кога за патниот правец Делчево – Скопје, такси превозник (бидејќи нема редовна автобуска линија) чини 800 денари? Месечно излегува дека пратеничката зема околу 40.000 денари за патни трошоци, додека обичниот работник „црнчи” по цел ден за минимална плата, за да го прехрани семејството.

Прашањето за високите суми исплатени за патните трошоци на пратениците со години е актуелно, но досега не се најде соодветно решение.

Левица е единствена партија, чиишто пратеници се откажаа од надомест за патни трошоци и нуди решение, сегашните 20 % парични средства што се исплаќаат од изминат километар да се намалат на 5 %. Во тој случај надоместокот што ќе го добиваат пратениците за превоз до работа и назад, ќе биде изедначен со цената на повратен автобуски билет.

Македонските пратеници земаат најголем износ на патни трошоци во споредба со нивните колеги од регионот и крајно време е ова да се промени и истите овие средства да се трошат за нивната вистинска намена и во реална висина на сумата потребна за остварување на таа намена.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ДЕЛЧЕВО
08 март, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ