Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Неготино, Кавадарци и Демир Капија – Апсолутни рекордери во заразеност со корона!

Општините од тиквешкиот регион се убедливо на врвот во Македонија, со највисок процент активни случаи по глава на жител заразени со вирусот SARS-CoV-2 според официјалните бројки на моменталните активни случаи, настрана од оние кои не се евидентирани.

Овие аргументи тврдат дека не вреди да се ризикува здравјето и животот со дополнително изложување на можност од зараза со вирусот со учествување во овој криминален и фалсификуван попис, чија цел е власта да ги задоволи интересите на својот коалиционен партнер.

Впрочем сите држави кои планираа попис – истиот го одложија, додека кај нас албанските националистички партии агитираат масовна излезеност во државава и во дијаспората, па дури за тоа се пофалија дека максимално соработувале со властите од окупираната покраина Косово!

Народот има апсолутно и легитимно право да не учествува во овој самоубиствен процес, а правото да не отвора врата е загарантирано во Член 26 од Уставот кој вели: „Се гарантира неповредливоста на домот. Правото на неповредливост на домот може да биде ограничено единствено со судска одлука кога е во прашање откривање или спречување, на кривични дела или заштита на здравјето на луѓето.“

Народот има апсолутно и легитимно право среде пандемија да се заштити од вирусот со неотворање врата на попишувачи, за кои нема никаква гаранција дека не се заразени.

#НеОтворамВрата

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО НЕГОТИНО
20 март, 2021

Најнови објави