Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Левица поднесе кривична пријава против Шкодране Дардишта од ДУИ за предизвикување омраза, раздор и нетрпеливост врз национална основа

    Ја известуваме јавноста дека Правниот сектор на Политичката партија Левица, до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе кривична пријава против актуелната владина членка на Одборот на директори на АД „Телеком“ и поранешна директорка предложена од ДУИ на заедничките служби на Клиничкиот центар во Скопје – Шкодране Дардишта, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“ – казниво по чл. 319, ст. 1 од Кривичниот законик на РМ, со запретена затворска казна од една до пет години.

    Пријавената се терети дека по пат на информациски систем, на социјалната мрежа Фејсбук, објавила заканувачки статус во кој се повикува на Војната од 2001 година, во која животот го загубија стотици македонски граѓани. Кривичното дело е сторено против државата и нејзините државјани, со цел да се повредат националните чувства на Македонците, а инспирирано од длабока национална омраза и меѓуетничка нетрпеливост. Побудите од кои се водела обвинетата при вршење на ова кривично дело се понижување на безбедносниот систем, т.е. упатување отворена закана по јавната безбедност на државата, преку повикот за напад врз државните институци и преку сеење страв и загрозување на сигурноста на сите граѓани кои живеат во Републиката и кои истата ја чувстуваат и сакаат како своја татковина.

    Очекуваме надлежното ОЈО – Скопје, сериозно и експедитивно да ја земе во работа оваа наша издржана кривична пријава и по неопходниот распит на пријавената, како и по комплетирање на целокупната релевантна документација за овој кривичноправен настан, да покрене обвинение против дотичната.

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
    22 ноември, 2021

    Најнови објави