Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Безмилосно се сечат дрвјата во околните шуми на тетовско


Крадци го опустошија шумскиот фонд во околијата на Тетово. Тетовчани по кој знае кој пат се шокирани, згрозени и гневни и аплерираат до надлежните да го сопрат масакрот на шумите.

Иако факт е дека нема педа во земјата на која што немаат продрено дрвокрадците, кој најчесто се организирани со возила без никаков проблем да ги крстарат планининските предели, а употребувајќи закани и сила, дури и стануваат страв и трепет за луѓето кои пробуваат да реагираат.

Бесправната сеча во моментов е сконцентрирана во околината на с. Шипковица во тетовско.


Штетите се огромни и далекусежни!

Не само што се уништуваат старите квалитетни дрвја во овој регион, туку се уништува цел еден екосистем и се нанесуваат ненадоместливи штети за што редно е да се вклучи алармот.

По сѐ изгледа дека надлежните се однесуваат како да им одговара овој хаос!

Има ли во Македонија шумарски инспектори и зошто го дозволуваат овој масакр?

Зошто воопшто локалните власти не се замараат со овој постојан проблем на Тетово?

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ТЕТОВО

27.07.2022г.

Најнови објави