Три години НАТО – три години протекторат преплавен со корупција, криминал, финансиска и безбедносна криза

Три години НАТО - Три години протекторат преплавен со корупција, криминал, финансиска и безбедносна криза

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

После три изминати години од фамозното членство на Македонија во најдеструктивната воена алијанса НАТО, шупливите ветувања за економски просперитет и безбедност се демистифицираа преку суровата реалност во која државата е во досега најголемата енергетска и економска криза, рекордна инфлација и надворешен долг, пораст на сиромаштијата и класната раслоеност, загрозената животна средина и општата безбедност. Се на се, со стремежот и членството на Македонија во НАТО државата е претворена во капиталистички рај, преплавен со корупција, криминал и неправда.

Со рушење на АСНОМ-ските темели, откажувањето од македонското малцинство кое живее во соседните земји и промената на името на државата, како услови за членувањето во НАТО, вазалската власт на СДСМ и ДУИ, која слепо и послушно ги исполнува барањата на Алијансата, три години сведочиме дека негирањето на македонската нација, држава и јазик, територијалните закани и препреки на интеграциските процеси во ЕУ ги добиваме токму од членки на организацијата која ветуваше дека ни гарантира безбедност!

Дополнително, во овие три години се забележува отворен процес на легитимирање на фашистичките и великодржавни шовинистички идеи, што пак, ревидирајќи ја македонската историја, државата доживува катастрофални порази на меѓународната арена.

Како членка на НАТО, Македонија дефакто се користи како воен полигон на САД и НАТО. Имено, за прв пат се случи во нашата држава да парадираат и маршираат војски на туѓи држави, меѓу кои беа и војските на окупаторските и фашистички држави од Втората светска војна. Истовремено, за овој империјалистички чин, цехот го плаќа македонскиот народ со 2% од домашното БДП, односно над 11 милијарди денари по година.

Стратешкото партнерство, поточно кажано, вазалство, со НАТО воената алијанса Македонија се доведе до тоа да биде земја која донира оружје и финансиски средства како поддршка на воените екскурзии на Западот и ширењето на русофобијата, додека пак Владата признава дека нема пари за учебници!?

Како што е наведено и во нашата Програма, Левица се залага за итно отчленување од НАТО-пактот и безусловно повлекување на сите безбедносни сили на Република Македонија од воените мисии во странство.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
27.03.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ