- Обраќање на Горан ВЕЛЕВСКИ – советник од Левица
Во изминатиот период од година дена неколку пати апелиравме за скандалите кои ја тресат оваа образована инситуација. На 3 ноември 2022 година поднесовме БАРАЊЕ до градоначалникот за нејзино разрешување поради носење на ученици во Бугарија на разговор со Милен Врабевски.
На 20 февруари годинава поднесовме ново барање за нејзино разрешување поради злоупотреба на ученици за партиско пртепукување со бившиот директор. Ова е ТРЕТ скандал! Ова училиште наместо да биде пример за лицата од ранлива категорија, тие вршат дискриминација.
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – БИТОЛА
23.08.2023