Иако со добра клиничка слика сепак некој од менаџментот на болницата се ставил над законите и се дрзнал градоначалникот Илија Јованоски да го смести токму во неговата поранешна лична канцеларија во ортопедското одделение кое по протокол и не е прогласено за Црвена Зона или Ковид Центар. Цели медицински тимови доаѓаат чисто превентивно и вршат бројни испитувања на сметка на потешките случаи.
Каде е тука професионалната етика и Хипократовата Заклетва на лекарите?
Дел од вработените се бунат затоа што постои ризик од кросконтаминација во целото Ортопедско Одделение кај ранливи пациенти од висок ризик и во случај ситуацијата да излезе од контрола за ова некој ќе треба да сноси дебела одговорност.
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ПРИЛЕП