Деструктивните СДСМ и ВМРО ДПМНЕ работат против интересите на жителите на Скопје

Катерина Ј.
  • Говор на советничката Катерина ЈОВАНОВСКА од Левица за набавката на нови автобуси за ЈСП.

„Додека СДС манипулира со јавноста за набавка на нови автобуси во сопственост на градот, нивните советници воопшто не присуствуваат на седниците. За јавноста е јасно кој во овој Совет е конструктивен, а кој деструктивен.

Советниците на СДС повеќе говорат за проектот на минатиот градоначалник од нивните редови “БРТ” отколку за точката на Дневниот ред.

Јасно е дека во било кој случај потребно е да се зголеми капацитетот на ЈСП во однос на возниот парк. Сите жители се чуствуваат резигнирано по прашањето за јавниот превоз и вие се согласувате дека потребни се решенија. Како на друг начин да го решиме ова без да ги зголемиме капацитетите на јавниот превоз!?

Мораме да почнеме од некаде и ова е вистинскиот начин да се започне ова решавање. Премногу седници во низа ја блокирате оваа одлука, за досега доколку ја изгласавме веројатно и ќе пристигнаа новите автобуси и ќе се ставеше ред во јавниот превоз.“

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

26.04.2023

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ