Левица го спречува контроверзниот предлог закон за државјанства
Во моментов, пратеникот Димитар Апасиев зеде збор на Комисијата за безбедност и одбрана, а во однос на предлог-Законот за државјанства, донесен зад затворени врати помеѓу Зоран Заев, Зијадин Села и Африм Гаши!
Левица ќе ги искористи сите свои капацитети за да го спречи носењето на ваквиот штетен закон и планираниот вештачки инжинеринг на демографската структура, кој власта насилнички, неделовнички и без учество на јавноста се обидува да го протурка.
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
02 јуни, 2021