(Видео) Ѓошевска: Иницијативите на Левица во Општина Гази Баба тенденциозно отфрлени

гази баба 3

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

На денешната седница, 34-та по ред, на Советот на општина Гази Баба, одржана на 28.11.2023 година, и последната поднесена иницијатива, иако приложена уредно, беше отфрлена без конкретно образложение од општинската администрација. Советничката Марија Ѓошевска пред гласањето на дневниот ред постави прашање до градоначалникот и општинската администрација за статусот на поднесената иницијатива. На ова градоначалникот се изјасни дека иницијативата е отфрлена поради незапазени законски процедури.

Иако истото е непоткрепено со соодветен извештај, ние преку нашата советничка група ќе побараме писмено да се образложи поради што е отфрлена оваа иницијатива.

Ваков тип на отфрлање и неприфаќање на иницијативи поднесени од Левица се случува во повеќе наврати и тоа: Правилник за финансирање на спортот од 16.08.2023 година и иницијатива – Барање за организирање на превоз на учениците од населените места Гоце Делчев, Дрма и Идризово од страна на општина Гази Баба од 30.10.2023 година, како и други.

Ваквите обиди на владејачката администрација во Гази Баба нема да ги обесхрабри советниците од редовите на Левица, напротив, ги поттикнува уште повеќе да се борат и заедно со народот да направат трајни промени во општината. Конкретно, во иднина, овие точки повторно ќе бидат поднесени на Советот на општина Гази Баба, бидејќи нивната релевантност нема да избледи. Секако дека Левица ќе успее во таа намера. Воедно, да напоменеме дека ќе поднесеме иницијатива за промена на усвоениот предлог за задолжителни униформи за основните училишта на територија на општина Гази Баба.

Со цел нашата порака да биде погласна, упатуваме апел до Вас, граѓаните, да ги поддржувате овие иницијативи од страна на Левица – Гази Баба на начин што ќе се спротивставите на досегашните погубни општински политики.

Вербата која што ни е врачена од Ваша страна никогаш нема да ја изневериме и заедно ќе успееме!

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ