Гостиварци со години се соочуваат со проблемот на бездомните кучиња, за кој проблем, општинските власти никогаш не превзеле ефективни мерки со цел негово решавање.
Иако се потрошија еден милион денари општински пари за пропаднатиот стационар, сепак гостиварци единствено видоа грозоморни слики од мртви кучиња, во ужасни и нехумани услови.
Тргнувајќи од целта за решавање на долгогодишниот проблем со уличните кучиња, како и казнување за прекршувањето на стандардите и неодговорноста на општинските власти при справувањето со овој проблем, Левица поднесе ИНИЦИЈАТИВА ЗА ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДВОР.
Поради институционална негрижа, близу 800 кучиња не се воопшто згрижени во прифатилиштето и истите подлежат на нехуман третман, па така има случаи на труење и свирепо убивање на бездомните кучиња.
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ГОСТИВАР
20 јуни, 2022