(Видео) Општина Гази Баба да го стави на гласање правилникот за спорт предложен од Левица

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Советничката на Левица во Општина Гази Баба на ден 16.08 поднесе иницијатива за Правилник за финансирање во спортот изработен од Левица, кој сеуште не е ставен како точка за гласање!

Потсетуваме, дека, во овој Правилник е предвидена финансиска помош за спортистите и клубовите од општината, вклучително и за спортистите со попреченост како и награда за тренерите.

Правилникот е изработен со критериуми кои се однесуваат на освоени медали и места на спортистите на државни и меѓународни натпреварувања и истиот не дава простор да се бираат спортистите на кого ќе се даваат повеќе или помалку финансии, туку напротив, објективност во доделувањето на средства е она што е потребно за напредок на спортистите и клубовите во една општина!

Затоа уште еднаш повикуваме да се стави иницијативата како точка за гласање во Општина Гази Баба.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ГАЗИ БАБА
30.09.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ