На големо се распродава општински имот во кругот на Дом на млади Штип.
Објектот од 108 м² кој се наоѓа на атрактивна локација во центарот на градот во јули годинава е проценет на 105.000 евра, но за еден месец подоцна, истиот е репроценет на 48.000 евра, вредност која е далеку пониска од реалната?!
Мнозинството советници од ДПМНЕ ја изгласаа оваа штетна одлука за продажба на НЕДВИЖНА СТВАР – имот сопственост на Општина Штип, и тоа на последната седница на Советот на Општина Штип Македонија.
Без никаква дискусија, ладнокрвно советниците од дпмне го прифатија овој предлог, исполнувајќи ја желбата на Градоначалникот Јорданов и блиските околу него.
ЛО Левица Штип и советникот Ангеле Михајловски остро го осудуваат ваквото распродавање без никакво рационално образложение!
Објектот може да биде и функционален и корисен, па и профитабилен, но лакомоста за пари на оваа општинска власт ја заслепува реалноста.
Наспроти негрижата за општинскиот имот, советникот од Левица, Михајловски, предложи реновирање на просторот и ставање во функција на тие 108 м² за потребите на градските хорови, Дувачкиот оркестар, фолклорните ансамбли, слободни уметници, кои секако кубурат со простор!
ЛО Левица Штип прашува:
Како може на објект проценет на 105.000 евра, за месец дена да му се намали вредноста за 57.000 евра помалку?
По кои проценки, според кои математики, проценители и методологии? Како може пазарната вредност да падне толку одеднаш во време на енормно зголемување на метар квадратен секаде во Штип?
Која е потребата да се отуѓи ваков објект, познато им е само на врхушката од Локалната власт.
На локалните ,,власти” око не им трепнува кога продаваат општински имот, а исто толку премижуваат кога нивни челници си ГРАДАТ ДИВОГРАДБИ
Да потсетиме дека за само една година, оваа локална власт донесе одлуки за продажба на објект на ЈП Стипион, деловни простории сопственост на ЈП Исар, а сега раскрчмува имот во кругот на Домот на млади.
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ШТИП
25.08.2023