Јавното претпријатие “Пазари” бара финансиски средства за реконструкција на кровот во горниот пазар во “Нова Битола” додека “Пазарот На Големо” е тотално нефункционален, има само еден вработен и неколку кучиња.
Со одлуката за отстранување на пазарџиите кои плаќаа уредно дулија од паркингот во горниот пазар, финансиската ситуација на ова претпријатие е значително намалена, полни контејнери со ѓубре на паркингот и во внатрешноста на пазарот, неправилно распределени тезги за профит на поединци, нечисти тоалети.
Повторно сме сведоци како на раскрсниците низ градот се продава овошје и зеленчук додека директорите ветуваа услови за земјоделците во внатрешноста на пазарот кои ги нема.
Зоолошката градина е во катастрофална ситуација.
Бараат финасиска помош од 1.200.000 денари за исплата на плати и годишен регрес.
Повеќе од 20 животни се починати во нецела година, а се појавуваат шпекулации во јавноста за финансиски средства кои ги добила оваа установа од донатори од Австралија за папагали, кои ги нема ниту папагалите ниту средствата!
8.000.000 денари за ЈП Комуналец за одржување на зелени површини, додека директорот на ова претпријатие на претходната седница бараше финансиска помош од 2.000.000 за исплата на плати.
Сите финасиски средства кои ги бара ДПМНЕ од советот на Општина Битола се за спас на претпријатијата поради неспособноста на директорите и локалната власт.
Ваков ребаланс на буџет Левица не поддржува!
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – БИТОЛА
09.11.2023