(Видео) ИНТЕРВЈУ НА ЈАНЕСКИ ЗА ИНФОМАКС: Нас нѐ препознаваат младите кои досега не сакале да гласаат

Марио Јанески

„Нас (Левица) не нѐ гласаат луѓето затоа што очекуваат дека ние ќе ги вработиме – гласаат затоа што искрено веруваат дека може да се смени нешто. И од таму е нивниот страв, затоа што нас нѐ препознаваат најмногу оние кои не гласале досега, нас нѐ препознаваат младите кои досега не сакале да гласаат. Затоа што и едните и другите ги видовме што направија.

Се плашат затоа што ако дојде Левица на власт, веројатно ќе треба да одговараат за криминалите кои ги правеле изминатите 30 години.

Се плашат затоа што ќе им се наруши нивното статус кво, се плашат затоа што им сѐ загрозени нивните бизниси, ете за тоа сѐ плашат!

Народот во Левица препознава некоја енергија, затоа што народот во Левица препознава некоја револуционерна енергија, некој борбен дух и затоа се плашат!“

„Опасна, опасна игра и некако да се играат со чувствата на Македонците. Gрадоначалникот на Чаир тогаш нè нарече вандали.

Ако тоа што ние отидовме таму, ставивме име само ново (АСНОМ) на таблата за него е вандализам, тогаш што да се каже.

Веројатно веењето на знамиња на голема Албанија и тепањето на Македонци на Кале за него е некој цивилизациски акт, манир на соживот. Веројатно затоа, ставање на табла со име кое асоцира на соживот за него е вандализам.“

  • Интервјуто на Марио Јанески, раководител на Црвена младина, за Инфомакс во емисијата „Тешки муабети“ од 02.11.2023, погледнете го на нашиот Јутјуб канал:

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ