(Видео) ИНТЕРВЈУ НА АПАСИЕВ ЗА ТВ СОНЦЕ: Се спроведува процес на демакедонизација на Македонија

Димитар Апасиев Јанко Јади Бурек

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

СЕ СПРОВЕДУВА ПРОЦЕС НА ДЕМАКЕДОНИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

„Преку оваа демакедонизација, сакаат да нè направат Курди на Балканот.
Прво, по бројот на државјанства, 73% се Македонци, во 2002 година нè симнаа на 64%, за денес психолошки и намерно нè спуштаат под 60% и нè симнуваат на 54%.
Ако ти текнува на бомбите на Ел Чека, Али Ахмети со Муса Џафери кога зборуваат, Ахмети сам признава дека Албанците ќе паднат под 20% ако се спроведе пописот, кој тогаш го прекинаа.”

ТИЕ ШТО ГО БОЈКОТИРАА ПОПИСОТ СЕ НАЈПРОГРЕСИВНИОТ ДЕЛ ОД НАРОДОТ

„Нас ни треба македонска платформа, без оглед кој е на власт, да се дефинира дека нема менување на државните инсигнии (знаме, химна).

И пописот е шајката на ковчегот! Затоа ние одбивме да играме. Тие 130.000 што бојктотираа се најпрогресивниот дел од народот. Да било Втора светска војна, тие луѓе ќе излезеа во партизани! Тие не потпаднаа под притисоци и го поништија пописот. Ние немаме попис, во правото тоа го викаме error facti, или погрешно утврдена фактичка состојба.”

СЕКОГАШ КОГА СДС Е НА ВЛАСТ СЕ СЛУЧУВА КОСОВАРИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

„Овој процес се случува преку вештачки демографски инжинеринг. Во 90-тите, при сукцесија од СФРЈ, 61.000 лице доби државјанство по тој закон.
Следно, ДУИ во 2004 година обезбеди 53.000 државјанства кога СДС кога беше на власт. И со последиов закон, каде со фискална сметка се добива државјанство, самите од Алијанса за Албанците и Алтернатива кажаа дека се очекуваат околу 100.000 државјанства.

И имаше афера, која помина незабележана, а која е многу опасна, поврзана со директор на ДУИ. Тоа се 100.000 матични листови (!) со сериски броеви, исчезнати од Управа за матични книги. А, рековме дека не ти бараат лична карта за попис.”

ОДБРАН Е КОМБИНИРАНИОТ МОДЕЛ ЗА ПОПИС ДЕКА НАЈЛЕСНО СЕ МАНИПУЛИРА

“Во светот има четири модели за попис, и додека нема унифициран европски модел за попис тие тоа го шверцуваа со европско знаменце, а за тоа кривично се одговара, за да ја спречат опозицијата да го блокира или подобри законското решение, како и воопшто да дебатираме. Со европско знаменце [за предложените закони] дебатата трае само три дена во Собранието, на комисија па на пленарна седница. Значи дека нема европска директива на која можеш да се повикаш, затоа што секоја земја си има свои sui generis модели, кој како сака.

Компаративно, постојат 4 модели за попис. Традиционален – од куќа до куќа, електронски, францускиот континуиран со ажурирање на регистри, и нашиот комбиниран.

Според мене најдобриот модел во 21-от век е електронскиот … тој е најсигурен.
Знаеш ли зошто [од Власта] го одбраа комбинираниот? Оти најлесно се манипулира. Ако не можеш да стигнеш, како во случајов, ќе речеш нив административно ќе ги попишеме. Каде пишува во законот “административно попишување”?”

НОВИОТ МУЛТИПОЛАРЕН СВЕТ И ЗОШТО МАЛИТЕ ЗЕМЈИ АКО САКААТ ДА ОПСТОЈАТ МОРА ДА ИГРААТ СО СИТЕ ГОЛЕМИ СИЛИ КАКО ШТО ТОА ГО ПРАВЕЛЕ ОСНОВАЧИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА НА АСНОМ 1944 ВО ПРОХОР ПЧИНСКИ

“Доаѓаме до една нова геополитичка слика, а тоа е подемот на Кина и Русија. Светот кој го знаевме заврши во февруари… Донбас е местото каде што западнистичката глоализација беше сопрена со калашников.

Тргнав од Прохор Пчински. Кога направиле држава кои знамиња стојат?… Стои знаме на СССР, САД и Британија. Черчил, Рузвелт, Сталин. Тие ни дале држава да бидеме реални… Тие држави тогаш биле светски сили. И види паметни. Не ставиле само америчко знаме како сега ние само ние на НАТО знамето во Собрание што ни го тупори Џафери. Кај е Кина, кај е Русија? Сега тие се светски сили.

Не можеш да играш без сите светски сили. Пробавме да играме, изгубивме. Така почна распадот на Македонија. Од Циле, од Тајван. Го признаа Тајван, се налути Кина. Ги тргна УНПРОФОР и влезе пола УЧК преку Косово. До тогаш немавме проблеми ние. Се отвори територија и си влегоа. Сините шлемови си отидоа. Не си играј со големите, е те згазат.

Ние слугувајќи само на едните ги заборавивме другите две. И тоа е нашата позиција на Левица. Со сите треба да играш, како Тито. И со Руси, и со Американци и со Кинези. Со сите оти си мал народ. За да опстоиш треба да играш со сите. А не ти поголем католик од Папата ќе се правиш и ќе и ставаш санкции на Русија. 250 милиони евра ќе те чинат санкциите.”

КАСТРИОТ РЕЏЕПИ И НЕГОВОТО КИДНАПИРАЊЕ СО АМИН ОД НАДВОР

„Се случи Колумбија сценарио, мафија. Јас бев внатре со пратениците… со албански пратеници кога му ѕвонеа, кога го бараа. Тој до ноќта до два саат бил со нив. И го уцениле со некои снимки што ги имале и толку ти треба. Ќе те спакуваат има да те нема.
Јас со тој човек имам разговарано во мојата канцеларија… Кога запнавме со Борис дека не поминува етнотрибализам кога ќе влезе Левица во Парламент, сè што е етнотрибализам не поминува. Идат Беса со нецивилизирани закони, ќе нè обележуваат во лични карти карта дали си Албанец, дали си Македонец. И ние викаме нема да помине законов… И Кастриот дојде да разговараме во канцеларија… И му викам кој ти е фазон во политика?.
А тој бил некој УСАИД бројлер, такви се обучувани по холандска амбасада, како Груби. Тој вика мојата агенда во животот е да го сменам ДУИ.
И сега го гледам на седница, Кастриот како во менгеме седи помеѓу нив, сега е со нив. До тој степен перверзија.”

Излагање на претседателот на Левица – Димитар Апасиев на ТВ Сонце

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ