(Видео) Урумова: Пренамена на зградата на поранешниот хотел Вила Зора во дом за стари лица е потреба на нашите сограѓани

маргица урумова

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

  • Маргица Урумова, советничка од Левица во советот на Општина Велес:

Почитувани сограѓани

Додека во предизборниот процес од позиција на опозиција се ветуваа проекти, инвестиции како и грижа за ранливите категории, од позиција на власт сите тие ветувања се заборавија.

Пренамената на зградата на поранешниот хотел Вила Зора во дом за стари лица е потреба на нашите сограѓани нотирана од скоро сите политички партии и дел од предизборните кампањи.

Но додека ДПМНЕ тогаш ветуваше, сега додека има моќ и власт да направи нешто останува нема и глува за потребите на граѓаните.

Имено, на седница на совет на Општина Велес советниците од политичката партија Левица доставија амандман во однос на програмите за работа на општината со кој се предвидуваше Општина Велес да изготви основен проект и ревизија на проектната документација за пренамена и адаптација на поранешен хотел Вила Зора во дом за стари лица.

Иако хотелот е изграден во 1985 год со средства на здружението на Борците од Велес и од Фондот на ПИОМ сепак сеуште претставува импозантен архитектонски објект, кој од ден на ден се руинира и пропаѓа.

Преку поднесениот амандман и изработката на проектот би се овозможило увид на општината во можностите на објектот, проценка на средствата потребни за негова адаптација како и можности за обезбедување на средства за негова реконструкција преку разни фондови.

Со оглед на тоа што во минатото иако се направени неколку обиди за продавање како и овозможување на јавно приватно пратнерство за функционирање на објектот како дом за стари лица, но и според изјавите на сегашниот градоначалник поради состојбата во која се наоѓа сега објектот – заитересирани лица нема, па затоа сметаме дека адаптацијата и пренамената на објектот се неоходни и итно потребни со цел објектот да стане примамлив за потенцијалните инвеститори кои би вложиле во фунционален дом за стари лица.

Потребата од дом за стари лица на територија на општина Велес посебно со незапирливиот тренд на иселување на младите станува се поголема со секој изминат ден а обврска и должност на општината е да обезбеди грижа за оваа категорија на граѓани овозможувајќи им достоинствен живот во соодветни услови.

Сепак и покрај бројните аргументи за ефективноста на амандманот, Градоначалникот како и мнозинството ДПМНЕ-ДУИ во советот на општина Велес без никакво дадено објаснување за причините не го прифатија амандманот и останаа од позиција на власт незинтерсирани за потребите на граѓаните на кои во предизборниот процес им ветуваа сешто.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ