(Видео) Мециновиќ: Левица е на чело на отпорот – потребно е обединување зад Левица

амар мециновиќ
  • Дел од гостувањето на портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ, во емисијата „Тешки муабети“:

„Во Македонија, плурализмот ако треба да биде праг, кај нас наместо праг – станува оптимум. Веќе никој не разговара за плурализмот, тој воопшто не се испитува.

На запад, плуралистичката демократија има свој историски развој, има револуционерна компонента и историски развој. Додека кај нас, нема развој, кај нас е по линија на вертикална регулација, се наметнува, од еднопартиски систем преминуваме во повеќепартиски систем преку ноќ. Тоа е проблем зашто политичките партии во плуралистичкиот систем имаат само две задачи: да дојдат и да останат на власт. И нашите политички партии веднаш се снаоѓаат во тие две задачи, но проблемот лежи во тоа што политичката култура кај нас не созрева и не се демократизира (зашто нема долг развој – се случува преку ноќ).

Тој простор за “социјализација на политичката култура“ се создава под притисок на самите политички партии. Политичките партии, наметнувајќи се на самата политичка култура, создаваат фрагментација и се разбира политиката како навивање за клуб.

Левица е одговор на македонското општество и на генерациите од транзицијата, на нашите генерации. Ние не можеме да говориме за промена на политички елити во сценарио каде што ВМРО-ДПМЕ и СДСМ ќе останат во тие сценарија. Тие се пред сѐ чувари на овој систем, па потоа сѐ останато.

На нас дефинитивно ни треба промена. А во момент кога се обединија ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и сите елементи на олигархијата, на политичката елита – веќе не може да се ситни отпорот. Левица е на чело на отпорот на оваа широка коалиција. И иако има чесни луѓе во другите помали партии, и од десничарските и од левичарските идеологии – сега е потребно обединување зад Левица. Затоа што Левица е единствената опозициска партија.“

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

14.06.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ