- Изјава на нашиот член на Централен Комитет, Персида Отовиќ Стојановска.
Поднесената иницијатива на Левица до Уставен суд ги оспорува последните измени на Законот за работни односи, кои се однесуваат на „Бехтел и Енка”. Со нашата уставна иницијатива, бараме да се укинат две одредби, кои се штетни за работниците.
Со првата одредба од овие измени, начинот на исплата на работниците (кои ќе работат на проекти од стратешки интерес), ќе се уредува со подзаконски акт. Ова е противзаконски и противуставно, затоа што начинот на исплата на плата се уредува со закон – тоа е утврдено и со Уставот и со Законот за работни односи.
Со втората одредба, се дозволува работниците (кои работат на стратешки проекти) да работат над дозволениот минимум на прекувремена работа.“
27.06.2023