Моррис: За македонцките маки и работи

живанка морисс

Сведоци сме на масовно иселување од Македонија, тренд кој е за жал несопирлив. Тоа ме навраќа на 2005 година, годината кога јас одлучив да одам по трнлив и непознат пат, за да самата си створам подобра иднина. И тогаш постоеше партиско вработување, празни ветувања, неисполенти, само за да си обезбедат гласови за време на избори, сѐ друго беше ветар и магла. Мојата разочараност беше толку голема што одлучив сама, без ничија помош, да заминам за Лондон, каде живеев и работев скоро седум години. 

Работа имаше, мојот труд секогаш беше ценет, не ми бараа партиска книшка за унапредување, а во исто време работев и се образував, нешто што во Македонија во тоа време не беше достапно за мене. Сите разговори со моите најблиски во тоа време, завршуваа со „не се враќај тука, тука станува од лошо-полошо.” Луѓето стануваа сѐ повеќе и повеќе скептични за животот во Македонија, стануваа и апатични, што резултираше со тоа да сме на дереџево на кое што сме дојдени денес. Со право можам да кажам дека Македонија станува ендемски вид на држава, држава во истребување. 

Како заврши мојата печалбарска мисија, ќе се запрашате. Цели шеснаесет години по Британија, Дубаи, Индија, Германија, Холандија сега сум во Македонија, живеам. Короната и седењето дома извесен период, искрено беа пресудни за тоа што постанав денес, две години активно борејќи се за правдата во Македонија со другарите и другарките од Левица. Ваков пустош, вакво истребување, ваква стапка на иселување којашто се зголемува наместо да се намалува, се нешто неопростливо за мене. 

Како комесар на Левица Дијаспора, често сум во контакт со Македонци кои живеат низ светот и со голема болка им ја слушам голготата нивна, во потрага по поголема плата за да го отплатат кредитот во Македонија, да си ја средат куќата оти како шестчлено семејство живееле во куќа со две спални од кои едната е дневна-спална, да ги школуваат децата, да преживеат искрено. 

Темата за оние кои имаат извадено бугарски пасоши е многу сензитивна во моментов, но треба да се направи разграничување меѓу граѓаните коишто се со бугарски пасоши – ги викаат „ауслендери“ во Германија – тоа не се нашите политичари коишто крадат без усул и имаат капитал за наредните пет поколенија, украдени пари, акции и недвижнини. Тоа не се луѓе како Антонио Милошоски, Александар Николоски, Никола Мицевски или пола пратеничка група на ДПМНЕ кои не знам каков изговор имаат за нивните бугарски пасоши „од економски причини“, освен дека се „дел од континуитетот на Ванчо Михајлов“, согласно изјавата на нивниот лидер Мицкоски?! Од друга страна имаме народ оставен сам на себе да се снаоѓа за да заработи чесно за да преживеат, а се заборавени од деструктивната политика и на СДС и на ДПМНЕ, и на ДУИ.

Левица како единствена политичка партија којашто застанува позади работничкиот народ, е и единствената надеж на македонските иселеници за подобра држава, надеж дека еден ден можеби тие ќе се вратат во родното дувло и ќе придонесат во својата татковина наместо да се трошат низ светот, оти ние имаме таков непроценлив кадар на луѓе и штета е да дозволуваме да се иселуваат. Нешто што двете владејачки партии направија пракса во последните 30 години. 

Ме исполнуваат разговорите со нашинците низ светот, бидејќи пред сѐ добивам преголема подршка од нив, спремни да помогнат на било кој начин и кои сѐ уште не се откажуваат од тоа што може да е Македонија, а тоа е една од најголемите причини и двигател да го извлечам максимумот од себе за да ја оправиме Македонија и да се намали стапката на иселеност. 

Левица Дијаспора ги распространува крилјата низ повеќе земји низ светот како што се Германија, Холандија, Данска, Шведска, Италија, Словенија, Австралија, Дубаи, Британија, САД и многу други и не запира тука. Имаме повеќе проекти и замисли на коишто работиме и воедно со ова и ги повикувам сите Македонци низ светот кои сакаат да се приклучат на нашата кауза, дека слободно можат да нѐ исконтактираат преку нашиот официјален Фејсбук пејџ или преку нашата меил адреса [email protected]; стоиме на располагање. 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ