Формиран Академски сенат на Левица

академски сенат

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Денес, на 27-ми јануари 2024, беше основан Академскиот сенат, како помошно советодавно тело на Левица. На инаугурацијата присуствуваше аудиториум составен не само од членовите на Партијата, кои ја носат титулата доктори на науки и универзитетски професори, туку и многу видни и почитувани академски граѓани и универзитетски кадар кои не се членови на Левица.

421569361 957733825709682 4799409157062199621 n

Свои говори околу целите и потребите од вакво тело и тоа како треба да изгледа Академскиот сенат, приближувајќи ја потребата за формирање на истиот имаа д-р Мери Георгиевска, м-р Реџеп Исмаил Хактан и претседателот на Левица проф. д-р Димитар Апасиев.

423515070 957734055709659 6047126338086630085 n

Мери Георгиевска, раководителка со овој Академски сенат искажа дека: ,,Потребен е квалитетен внес и наплив на мисли за реалните предизвици на оолитичкото совремие, поткрепени со објективна, научна и ангажирана мисла – како и методолошко изнаоѓање и тивко пласирање на долгорочен ‘противотров’ за горчливите предрасуди на неспоивоста на разумот и политиката денес”.

421586607 957734172376314 6716563191425490096 n

Академскиот сенат ќе нуди асистенција кон стратешките концепции на Партијата, во насока на долгорочните и краткорочните програмски цели, и нивна адаптација кон светските и домашните социо-политички трендови.

423514594 957734125709652 2750969339288859796 n

На крај се одржа наменска интеракција од страна на ценетите гости, кои несебично земаа дел во дискусијата и даваа идеи околу постоењето на ова тело во Левица. Денот помина во една пријатна, интересна и спознавачка атмосфера. Несомнено, претстои период во кој Академскиот Сенат ќе игра клучна улога во освојувањето на власта.

423161893 957733615709703 8673510649948627475 n

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ