Делегација од Левица ќе биде дел од Светскиот младински фестивал

398317320_910069930476072_8106958612746699839_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Во улога на претседател на Подготовителниот комитет, координаторот на на Секторот за надворешна политика при Левица – м-р Александар Симонов, беше дел од неколкудневниот конгрес на Меѓународниот совет на Светскиот младински фестивал.

На Конгресот, заедно со претставниците од вкупно 123 земји од цел свет, за програмски вредности на фестивалот беа утврдени: почитувањето на националниот идентитет, градење мултиполарен свет, борбата против дискриминацијата, почитување на историските и културните разлики, отворен дијалог, надминување на економските предизвици како и почитување на сите културни разлики.

На работните сесии за подготовка на фестивалот беа утврдени и дел од програмите во кои ќе бидат вклучени учесниците. Новото движење за градење на антиколонијален свет, политика и општество, младите и зелената иднина, предизвици за зачувување на сопствениот идентитет во глобалната ера, Азија и Европа – градење заедничка иднина заедно, како и многу други теми ќе бидат дел од дискусиите во кои ќе учествуваат младите луѓе.

Светскиот младински фестивал вклучува голем број активности во различни земји од светот. На главниот настан што ќе се случи следната година, активно учество ќе имаат над 20.000 претставници, од над 180 земји од светот. Ова го прави фестивалот најголемиот настан што ги вклучува младите луѓе на светско ниво. Делегати на подмладокот на Политичката партија Левица ќе имаат активно учество во истиот, каде ќе ги претстават своите видувања за тоа како младите треба да ја градат иднината во светот.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

01.11.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ