Левица оствари средба со делегат од Палестина – поддршка за палестинскиот народ и осуда за воените злосторства на Израел

397583560_909588577190874_8221011387057144119_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

На маргините на Конгресот на Меѓународниот совет на Светскиот младински фестивал, Координаторот на Секторот за надворешна политика на Левица, Александар Симонов, оствари средба со претседателот на Подготовителниот комитет за Палестина – Хатиб Самир.

Во дискусијата помеѓу претставниците на Подготовителните комитети се дискутираше за актуелните случувања кои ги преживува палестинскиот народ, како кулминација на израелскиот апартхејд кој со години го тероризира палестинското население, народ на кого му е ускратено правото за формирање на сопствена држава.

Иако во ООН Македонија гласаше воздржано за донесувањето на резолуцијата за „Заштита на цивилите и почитувањето на правните и хуманитарни обврски“, од наша страна беше истакнато дека како и во многу други европски држави, ставовите на Владата и нејзините претставници во ООН, не соодветствуваат со ставовите на огромен дел од населението.

Низ разговорот за историите на двата народи беа пронајдени многу точки на спојување помеѓу Македонците и Палестинците, народи чиј национален идентитет па и држава, во историјата, а и денес, се жртви на негаторските империјалистички политики од надворешни фактори.

Палестинскиот делегат беше запознаен за активностите кои ги правеше Црвена Младина, со кои беше изразена поддршка за невините и цивилни жртви и беше споделена информацијата дека во Собранието на Република Македонија пратениците на Левица ќе поднесат Декларација, која има различни погледи од политиката која ја води Владата на Ковачевски, Шефот на дипломатијата Османи и претседателот Пендаровски, во која се изразува солидарност со жртвите и бара одговорност за израелските воени злосторства.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

31.10.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ